Воспитувач/ка
Скопје
- Organization: SOS Children’s Villages International
- Location: Скопје
- Grade: Level not specified - Level not specified
-
Occupational Groups:
- Closing Date: 2025-02-28
СОС Детско Село - Скопје во рамки на единиците за организирано живеење со поддршка го проширува својот тим со цел да обезбеди поквалитетна грижа и поддршка на младите.
🚀 Нашите вработени во директна грижа се витален дел од нашиот тим, бидејќи ги поддржуваат децата и младите во истражување на нивните цели и соништа, да ги откријат и споделат нивните уникатни таленти и да бидат активни членови на заедницата.
📢 Во потрага сме по комуникативни, емпатични личности, сензибилизирани за работа со ранливи категории, со отвореност и толеранција кон различности, кои ќе ги поддржуваат и насочуваат младите без родителска грижа на возраст од 14-18 години во нивниот развој кон независност и автономија.
📝 Клучни одговорности:
- Воспитувачот го организира секојдневниот живот и активностите со младинците, дава поддршка на младите во грижата за себе, одржување на хигиената во куќата, поддршка при формално и неформално учење, рекреација во слободно време итн
- Гради емотивна и стабилна релација со секое младо лице во континуитет и создава можности за приврзување и добивање на чувство на припадност
- Има улога на ментор, и ги поддржува развојот и добросостојбата на младинците и по напуштање на грижата и др.
🔍 Потребни квалификации:
- Завршено средно образование или студии од општествени науки (предност ВСС)
- Релевантно работно искуство (професионално искуството во работа со адолесценти од најмалку 1 година ќе се смета за предност)
- Познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
- Активен возач (Б категорија)
✍ Услови за работа:
- Работа на полно работно време (првичен договор на 3 месеци, со можност за продолжување)
- Работа во смени (12 часовни / 8 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа за време на празници и викенди, според однапред утврден распоред
- Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки, активности за јакнење на тимот итн)
📅 Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 28.02.2025 година
🌟 Ако посакувате работна средина во хуманитарна организација со интернационални стандарди во која ќе менувате животи и правите разлика во општеството, имате можност да бидете дел од нашиот посветен тим каде секој е почитуван и каде што владее фер и правична работна средина.
📫 Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликување на посветла иднина за младите!
Applications from non-qualifying applicants will most likely be discarded by the recruiting manager.