Сметководител/ка
Remote | Скопје
- Organization: SOS Children’s Villages International
- Location: Remote | Скопје
- Grade:
-
Occupational Groups:
- Closing Date: 2025-07-27
СОС Детско село е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Организацијата делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
СОС Детско село објавува оглас за вработување на 1 (едно) работно место на следната позиција:
Сметководител/ка
(замена за породилно отсуство)
📍 Локација: ул. Ристо Шишков, 31 Скопје⏳Времетраење на ангажманот: 1 година (замена)📅 Рок на аплицирање: 27.07.2025
🎯 КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Водење на дневни сметководствени операции и книжења во согласност со законската регулатива и интерните политики
- Извршување на електронски плаќања
- Комуникација и координација со главниот сметководител и финансискиот тим
🧾ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Високо образование од областа на економија, финансии, банкарство, ревизија, бизнис или менаџмент
- Поседување лиценца за сметководител/ка или овластен сметководител/ка
- Претходно искуство во сметководствено работење
- Активно познавање на англиски јазик
- Одлично користење на MS Office (Excel, Word, PowerPoint) и системи за електронско плаќање
- Познавање и искуство со сметководствениот софтвер D365 ќе се смета за предност
🧠ЛИЧНИ ВЕШТИНИ:
- Проактивен пристап кон работата
- Прецизност и аналитичност
- Способност за работа во кратки рокови
- Лојалност кон работата и организацијата
🤝ШТО НУДИМЕ:
- Работа во меѓународна организација со силна мисија и вредности
- Поддржувачка и професионална работна средина
- Можност за стручно усовршување (КПУ и континуирани интерни обуки)
- Вработување на определено време со можност за продолжување
- 1 ден во неделата – работа од дома
📬 Аплицирај најдоцна до 27.07.2025
🔔Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!
💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙
Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
Applications from non-qualifying applicants will most likely be discarded by the recruiting manager.